Тајмаут
Никој не го уништил финансиски Абрамович, како една стјуардеса!
Роман Абрамович долги години беше сопственик на Челзи и го направи овој клуб гигант од светска класа. На почетокот на руската агресија врз Украина, Абрамович се соочи со огромни проблеми, поради бројните суспензии и забрани поради неговата блиска врска со Владимир Путин, беше принуден да го продаде Челзи.
Рускиот олигарх беше сопственик на “сините“од Лондон речиси две децении и на некој начин стана симбол на овој клуб во кој вложи огромни пари. Беше кажано дека е две милијарди фунти.
Сепак, огромната инвестиција во Челзи на некој начин е еднаква на само еден потпис кој практично го доумиштил Абрамович. Станува збор за разводот со неговата поранешна сопруга Ирина.
Роман и Ирина, која претходно работела како стјуардеса, се запознале во 1991 година, имале пет деца, а се развеле во 2007 година со огромна отштета што тајкунот морал да ја плати.
Со разводот Абрамович на бившата и подари четири куќи, од кои едната во Западен Сасекс тогаш вредеше дури 30 милиони, а сега таа вредност е многукратно поголема. Вкупните трошоци за разводот се движеле меѓу 3 и 3,5 милијарди долари.
Од разводот со Роман, Ирина даде само едно интервју и тоа пред четири години кога изјави дека никогаш нема да каже ништо лошо за бившиот.
Повеќето од нивните деца оттогаш пораснале, се во доцните 20-ти години и имаат приватни работни места, додека помладите студираат и чекаат да го завршат своето образование.
Бидејќи постојано била под надзор на различни служби, нејзиниот живот може да се опише како позлатен кафез. Иако поминаа 15 години од разводот, може да се каже дека максимално ужива во луксузот што го остави бившиот.
На почетокот на руската агресија, оваа 55-годишна жена, која во меѓувреме станала многу религиозна, се плашела за своето богатство и живеела во страв од санкции кои никогаш не дошле. Инаку, нејзиното богатство сега се проценува на 650 милиони долари.
Од друга страна, Абрамович, кој беше санкциониран од Европската унија и Русија, стана миротворец меѓу двете завојувани страни. Последното нешто што се знае за рускиот тајкун е дека тој е најодговорен за размената на околу 300 руски и украински војници во септември.
Интересно е што САД се уште не го санкционирале Абрамович, кој според податоците од 2022 година вреди речиси 9 милијарди долари.