Фудбал
Никој не се грижеше за Марадона, го пуштија да умре во мала соба – вели Бодри
Марио Бодри, партнерот на поранешната девојка на Диего Марадона, Вероника Охеда, изјави дека можеше да се избегне смртта на аргентинската легенда, доколку луѓето околу него соодветно се грижеа за неговото здравје.
Марадона почина минатата среда на 60-годишна возраст, по срцев удар.
Поранешната sвезда на Барселона и Наполи и освојувач на Светскиот куп во Аргентина во 1986 година, беше оставен сам во својата соба скоро еден ден пред да биде пронајден мртов.
Леополдо Луке, личниот лекар кој го оперираше неговиот мозок, одговори на обвинувањата велејќи дека направил се што може за да се грижи за Марадона.
Но, дури и Бодри не се согласува.
„Луке и неговиот тим се справија со Марадона, но неговата смрт беше неизбежна“, рече Бодри.
„Луке е добар човек, но ако го имам најдоброто Ферари во светот и му дадам петгодишно дете, тој ќе го уништи. Диего падна од кревет пред неколку дена и ја удри главата од ѕидот, но тие не направија никакви тестови после тоа“, рече тој.
Бодри откри дека неговата партнерка отишла да го посети Марадона на почетокот на минатата недела.
„Во понеделникот, два дена пред да почине, Диего и рече на Вероника дека сака да ја види и таа отиде да го види, но таа не најде таму ниту лекари ниту луѓе“, рече Бодри.
„Марадона немаше нормален тоалет во својата соба, тој имаше тоалет како во логорот. Неговата соба беше многу мала. Не беше вистинското место за Диего“, рече тој.