Фудбал
Никој не забележал дека го нема во автобусот, Мацари по поразот од Рома се вратил сам со такси (ВИДЕО)
Наполи е поразен со 2:0 на гостувањето кај Рома синоќа. Згора на тоа мечот го завршија со двајца играчи помалку, откако Осимен и Политано беа исклучени. Дека навистина нешто во овој тим не е како што треба, покажува една урнебесна ситуација после мечот. Италијанските медиуми објавија дека тренерот на Наполи од Рим се вратил сам и тоа со такси. Наводно никој не забележал дека го нема во клупскиот автобус. Мацари е снимен со коферите во раце, како чека превоз.