Connect with us

Кошарка

Никола Јокиќ пишува НБА историја! (ВИДЕО)

Никола Јокиќ го забележа десеттиот трипл-дабл сезонава и стана нов рекордер во НБА. Јокиќ во победата на Денвер над Бруклин од 124:101 постигна 26 поени, 15 скока и 10 асистенции, а го оствари и 115-от трипл-дабл во кариерата. Но, она што е многу поважно е дека тој стана првиот играч во историјата на НБА со 10 или повеќе трипл-дабл настапи во седум последователни сезони.

Други резултати:
Бостон – Кливленд 116:107
Портланд – Јута 114:122
Сакраменто – Оклахома Сити 128:123
ЛА Клиперс – Голден Стејт 121:113