Кошарка
Николиќ: Горд сум, би му посакал на секој, еден ден во животот да се чувствува како јас сега
Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Николиќ не ја криеше радоста по освоениот трофеј во купот.
Аеродромци синоќа го победија Феникс со 89:73 и стигнаа до рекордниот 11-ти трофеј во Купот на Македонија.
– Немам зборови за ова финале, сакам да им се заблагодарам за сите на честа во Македонија. Феникс го направи финалето големо, одигра доста добар натпревар овој тим, беше убав и за публиката и за македонската кошарка. Горд сум на клубот, мојот стручен штаб, играчите на прво место, навивачите секако. И ова е само прв наш чекор во оваа сезона, имаме уште две големи цели да оствариме и би му посакал на секој, еден ден во животот да се чувствува како јас сега, изјави Николиќ.
Ова е прв трофеј за Николиќ со МЗТ Скопје, во минатото има куп-титула со Карпош Соколи.