Connect with us

Фудбал

Нишино ја напушта селекторската функција во јапонската репрезентација

Селекторот на јапонската фудбалска репрезентација Акира Нишино ќе ја напушти функцијата на крајот од јули.

Под негово водство Јапонија стигна до осминафиналето на Светското првенство 2018, каде што загуби од Белгија со 3:2 со голови примени во последните дваесетина минути.

– Договорот на Нишино со националниот тим истекува на крајот од овој месец. Тој нема да остане на таа позиција, изјави претседателот на  Јапонската фудбалска асоцијација, Коџо Тасима.

Главниот кандидат за наследник на Нишино на клупата на Јапонија е германскиот стручњак Јирген Клинсман.