Фудбал
Ништо ново: Дани Алвес го промени бројот на дресот
Фудбалерите на ПСЖ вечерва ја отвараат новата сезона во Лигата на шампионите со гостувањето на Енфилд каде ќе игра против Ливерпул.
ПСЖ пред неколку денови официјално го претстави дресовите за Лигата на шампионите под спонзорство на компанијата Џордан, но овие дресови ќе бидат само за продажба, додека ПСЖ ќе игра во дресовите на Најк.
Еден од играчите кои ги претставуваат дресовите беше Дани Алвес кој поради повреда на коленото веќе некое време е надвор од теренот. Бразилецот во ПСЖ дојде пред година дена од Јувентус, а тогаш го задржа дресот со бројот 32.
Сепак, на новите рекламни дресови јасно се гледа дека Алвес одлучи да го промени бројот и во наредната сезона ќе го носи дресот со бројот 13. Тоа не е реткост за Бразилецот кој во Барселона често знаеше да го менува бројот на дресот.
