Connect with us

Други спортови

Ништо од боксерскиот спектакл, Фјури има корона!

Како што беше соопштено, некои членови на неговиот тим исто така беа заразени.

Долго очекуваниот натпревар помеѓу Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер нема да се одржи на 24 јули во Лас Вегас.

Боксерскиот настан беше одложен затоа што британскиот борец бил позитивен на коронавирус.

Како што беше објавено, некои членови на неговиот тим беа заразени.

– Фјури се чувствува болен, но неговиот живот не е загрозен – објави тимот и додаде дека ја примил првата доза на вакцината пред неколку месеци.

Новиот датум за борбата ќе биде познат подоцна, а се верува дека треба да се одржи на почетокот на октомври.