Connect with us

Фудбал

Ништо од Де Јонг, Јунајтед му ја „фрли мамката“ на играчот на ПСЖ

По неколку недели во кои се обидоа да го доведат Френки де Јонг од Барселона, Манчестер Јунајтед го сврте вниманието кон еден од играчите на ПСЖ.

 

Станува збор за Леандро Паредес, фудбалер кој летово е на трансфер листата на ПСЖ. На Ерик тен Хејг му се допаѓа аргентинскиот играч за врска, а новиот тренер на Јунајтед сака да ја искористи ситуацијата на фудбалерот на францускиот шампион.

„Л’Екип“ објави дека Манчестер Јунајтед го смета Паредес за добра опција за следната сезона, но цената што ја бара ПСЖ е она што го прави овој потег невозможен, барем засега.

 

Поточно, Французите во замена за фудбалерот би барале 35 милиони евра, но „Црвените ѓаволи“ сметаат дека таа сума е доста висока.

 

Останува да се види како ќе завршат преговорите меѓу двата клуба, но едно е сигурно: Ерик тен Хаг сака да се засили со вреден играч од средниот ред ова лето.

 

Инаку, покрај Јунајтед, интерес за Де Јонг покажа и Челзи, но тој реши да остане во Барселона.

 

„Имам многу контакти со Френки и ја знам неговата ситуација. Пред некој ден ми кажа дека сака да остане во Барса“, изјави Роналд Куман, кој во петок учествува на хуманитарен голф турнир во Барселона.

 

Куман додаде дека, според него, гласините дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и новиот сопственик на клубот од Челзи, Тод Боли разговарале за ситуацијата на Френки де Јонг во четвртокот вечерта се обични гласини и прецизира дека „Барса секогаш го чувала она што е добро. , а играчите како Френки не ги продаваат“.