Фудбал
Ништо од доаѓањето на Алегри во Рома, но го доби повикот што го чекаше
Италијанскиот стручњак Масимилијано Алегри беше поврзуван со Рома последните денови, но се чини дека нема да има ништо од тоа.
Неодамна, медиумите на Апенините објавија дека Алегри разговарал со лидерите на Рома и дека успеале да постигнат договор овој стручњак да ја преземе клупата на „Волчицата“ на крајот од оваа сезона.
Имаше дури и извештаи дека Алегри потпишал преддоговор, но се чини дека нема ништо од тоа.
Имено, сега има информација дека Алегри е еден од кандидатите да ја преземе клупата на Реал Мадрид на лето. Зинедин Зидан се очекува да ги напушти „кралевите“ на лето, а Алегри е еден од тренерите на списокот на Флорентино Перез.
Според „Кадена СЕР“ Алегри наскоро ќе разговара со Реал Мадрид, и доколку тие не се согласат, постојат сите шанси легендарниот Раул Гонзалес, кој во моментов е тренер на Реал Мадрид Кастилја, да добие шанса во првиот тим.