Connect with us

Фудбал

Ништо од фудбалот на „Сан Паоло“

Продолжуваат да се одложуваат натпреварите во Италија.

По првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија помеѓу Јувентус и Милан, одложен е и натпреварот кој требаше да се игра на стадионот „Сан Паоло“.

Утре требаше Наполи и Интер да го одиграат својот реванш, но утрово беше решено да се одложи тој натпревар поради епидемијата на коронавирусот.

Ова одложување ќе создаде нови проблеми за организаторите на фудбалските натпреварувања во Италија, особено тоа се однесува на Интер, кој претходно ги одложуваше средбите со Сампдорија и Јувентус.

Нема индикации за тоа кога треба да се одигра реваншот во полуфиналето, бидејќи сите јавни собири веројатно ќе бидат запрени во Италија за 30 дена.