Фудбал
Ништо од Ла Лига за Бојан Миовски, Абердин одбил понуда од шпански тим!
Абердин ја одбил понудата од 3 милиони фунти од шпанскиот клуб Еспањол за напаѓачот Бојан Миовски, пишува Дејли Мејл. Не се знаат причините поради кои понудата е одбиена, дали поради тоа што е ниска, или поради интерес на други клубови и можеби желбата на нашиот репрезентативец да игра во друга лига. Како што се пишува се уште постои интересот од италианските тимови Болоња и Џенова.