Connect with us

Кошарка

Ништо од најавите, пораз на Македонија од Естонија, само пет поени во втората четвртина

Објавено:

МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА  72:81

(18-20; 5-25; 23-15; 26-21)

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа пораз во салата „Борис Трајковски“ со 72:81 во првиот квалификациски меч за ЕП во 2021 година. Иако имаа одлична поддршка од трибините, сепак на крајот пресуди катастрофалната втора четвртина, која беше лоша за нашите момци и во која постигнаа само пет поени.

Проблемите во офанзивниот дел од играта, големиот број на грешки, беше главната причина за поразот. Иако третиот и четвртиот период беа далеку подобри, сепак тоа не беше доволно да се избегне поразот. Стојановски беше најефикасен со 26 поени, Димитриевиќ имаше 15 поени и 7 скокови, додека на спротивната страна со 31 поен незапирлив беше Куламае.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com