Поврзи се со нас

Фудбал

Ништо од останување: Таткото на Меси веќе започна разговори со новиот клуб

Лионел Меси ги шокираше навивачите на Барселона ова лето кога побара раскин на договорот со каталонскиот клуб.

Меси целата своја кариера досега ја помина во Барселона и се веруваше дека таму ќе ја заврши кариерата. Но, сите беа во шок кога на крајот на минатата сезона тој поднесе барање за раскин на договорот, што не беше одобрено од тогашните челници на клубот.

Аргентинецот на крајот реши да остане во Барселона бидејќи беше јасно дека никој не може да плати за него 700 милиони евра колку што е откупната клаузула. Доколку не ја смени својата одлука до крајот на сезоната следното лето, тој ќе може да го напушти клубот како слободен играч.

Затоа Меси има право да преговара со други клубови во јануари, а се чини дека неговиот татко Хорхе веќе презема нешто. Познато е дека Хорхе е и менаџер на неговиот син, а тој е одговорен за преговори со други клубови.

ЕСПН пред неколку моменти објави дека Хорхе веќе започнал разговори со челниците на ПСЖ, кои сакаат да го донесат Меси со сите сили на крајот на сезоната. Можно е Меси да замине во јануари, но тешко е да се очекува дека тоа ќе се случи бидејќи Барселона не е заинтересирана за негова продажба.

Во Барса се надеваат дека Меси ќе го продолжи новиот договор и дека тоа ќе се случи со доаѓањето на новото раководство. Сепак, очигледно е дека Меси сè уште размислува за заминување, а ПСЖ е една од многу можните дестинации.

 

loading...

Facebook