Connect with us

Кошарка

Ништо од Црногорците, МЗТ Скопје испадна од АБА лига, Борац со сензационална победа на гостувањето кај Будуќност

Борац Чачак славеше на гостувањето кај Будуќност Воли во Подгорица со 87:85 и со тоа го испадна МЗТ Скопје од АБА лигата. Македонскиот тим кој синоќа оствари голема победа против Цибона, за да остане во АБА лигата требаше Борац да загуби вечерва. Сепак, тоа не се случи, па следната сезона МЗТ Скопје ќе игра во АБА 2 лигата.