Connect with us

Фудбал

Ница рутински со Брест и се сместија на второто место

Екипата на Ница со десет играчи забележа победа од 3-0 над Брест како гостин и барем привремено изби на второто место на табелата во француската Лига 1.

Каспер Долберг му донесе водство на тимот од Азурниот брег во 13. минута, но во 20. гостите останаа со играч помалку поради директен црвен картон на Морган Шнајдерлин.

Со 10 луѓе екипата на Ница беше принудена да се брани до крај, а голманот Валтер Бенитез се истакна со низа клучни интервенции и натпреварот го заврши со вкупно 10 одбрани.

Иако играа во намален состав 70 минути, гостите постигнаа уште два гола. Тие дојдоа на самиот крај на средбата. Во 79. минута Амин Гуири го пронајде Енди Делор во шеснаесетникот и Алжирецот зголеми на 2:0, а конечните 3:0 ги постави Гуири во последната минута од судиското надополнување.

Со успехот Ница собра 36 бода, исто колку и третиот Олимпик Марсеј. Лидер е тимот на Пари Сен Жермен со 46 бодови. Брест е на 12. место со 25 бодови.

Реклама

Facebook

Реклама