Фудбал
Ница заинтересирана за Мињоле
Францускиот прволигаш Ница сака во своите редови да го донесе голманот на Ливерпул Симон Мињоле во јануарскиот преоден рок.
Белгискиот голман веќе шест сезони е на „Енфилд“, но прво со доаѓањето на Кариус го изгуби стартното место на голот, а по заминувањето на германскиот голман на „Енфилд“ дојде Алисон Бекер, па беше јасно дека Мињоле ќе добие шанса само во куповите.
Како што пишуваат британските медиуми, тренерот на Ница Патрик Виеира сака да ја зајакне конкуренцијата на голот, па овој клуб сака да испрати и службена понуда до Лондон.
Ница прими 14 голови во 12 првенствени натпревари оваа сезона, но изгледа дека Виеира не е задоволен од моменталните голмански опции како што се Валтер Бенитез и Јоан Кардинале.
Договорот на Мињоле важи уште две и пол години, па сигурно е дека „Редсите“ нема да го продадат додека не најдат соодветна замена на неговата позиција.