Connect with us

Фудбал

Ниту Арапите не помогнаа, Њукасл елиминиран од третолигаш во ФА Купот, сега борба за опстанок (ВИДЕО)

Екипата на Њукасл пред извесно време стана најбогатиот клуб на светот откако беа купени од ПИФ од Саудиска Арабија, на принцот Мохамед Бин Салман. Но, резултатите не се ништо подобри иако поминаа месеци од купувањето. Претпоследни се во Премиер лигата, а сега на домашен терен нов шок. Во ФА Купот се елиминирани од просечен третолигаш Кембриџ со 1:0, а единствениот гол го постигна Ајронсајд во 57. минута..

Сега на Њукасл му преостанува само битката за опстанок во Премиер лигата.

 

Реклама

Facebook

Реклама