Connect with us

Фудбал

Ниту Барса, ниту Реал, туку Бетис е освојувач на Купот на Кралот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бетис го освоија доцна синоќа Кралскиот куп во Шпанија совладувајќи ја во финалето н а стадионот „Ла Картуха‘ во нивниот град Валенсија на пенали, откако натпреварот во регуларниот дел заврши 1-1, а продолженијата не донесоа победник.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме, откако Бетис поведе во 11. минута, а Валенсија израмни по половина час игра.

Пи изведувањето пенали кај Валенсија од белата точка не беше прецизен 19 – годишниот Американец Јунус Муса во четвртата серија, додека сите играчи на Бетис биеја прецизно, а решавачкиот гол го постигна Хуан Миранда.

За Бетис ова беше петто куп финале и прв трофеј од 2005 година, додека Валенсија го одигра своето 18 финале и остана на осум освоени трофеи.

 

 

Реклама

Facebook