Connect with us

Фудбал

Ниту Џерард не беше поштеден од коронавирусот

Менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард, исто така е заразен со коронавирус, открија од клубот.

Легендата на Ливерпул е изолиран и сигурно нема да го води тимот во следните два натпревари – против Челзи (26 декември) и Лидс (28 декември).

Во клубот од Бирмингем има бран болни, поради што е одложен натпреварот против Барнли кој требаше да се одигра пред една недела. Уште тогаш Стиви Џи призна дека дури имало паника кај некои играчи.