Фудбал
Ниту еден нормален не би излегол од ваков договор: Поради оваа бројка се фаќаат за глава во Барселона
Френки де Јонг беше поврзуван со заминување од Барселона ова лето.
Холандскиот играч за врска беше баран од Манчестер Јунајтед и Челзи, но тој нема намера да го напушти клубот, што и го кажа на раководството на клубот.
Претседателот Жоан Лапорта истакнува дека Френки има договор и дека никој не го принудува на ништо против негова волја, вклучително и намалување на платата што би било неопходно за да се регистрираат нови фудбалери.
„Разговори со Френки за намалување на платата? Со него ситуацијата е иста како и со остатокот од тимот. Новите играчи се адаптираа на структурата на плаќање. FdJ има договор и не можеме да го принудиме да прифати намалување. Тоа е негова одлука“, изјави Лапорта.
Тој зборуваше и за интересот на Манчестер Јунајтед за овој фудбалер, како и за можна преселба во Челзи.
„Навистина не можам да ви кажам ништо за Де Јонг и Манчестер Јунајтед, но можам да ви кажам дека постои голема можност тој да остане во клубот. Дали му е понуден на Челзи? Не, не. Вечеравме со сопственикот на клубот, Тод Боли и само разговаравме за светот на фудбалот“, истакна Лапорта.
Не е ни чудо што Де Јонг сака да остане во клубот. Неговиот договор беше продолжен среде пандемијата и Барселона му даде неверојатна бројка.
Неговиот четиригодишен договор е вреден 88,58 милиони евра. Покрај оваа бројка, Холанѓанецот ќе добие уште 20,8 милиони преку разни бонуси и Каталонците се чешаат со глава поради овој договор.
Според El Confidencial, бројките се крајно загрижувачки за раководството на клубот. Затоа сакаат да се ослободат од Де Јонг, но засега нема ништо.
Де Јонг пристигна на Камп Ноу во 2019 година од Ајакс за 75 милиони евра. Тој одигра 140 натпревари и постигна 13 гола.