Connect with us

Тајмаут

Ниту Надал не остана рамнодушен, што прави девојката осум години подоцна, која поради Шпанецот стана популарна преку ноќ (ВИДЕО)

Љубителите на тенисот добро се сеќаваат на познатата сцена од турнирот Рио Опен во Бразил 2014 година, кога најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал не можеше да го тргне погледот од убавата собирачка на топки Фернанда Маја Карели.

Оваа убава девојка веднаш ја доби титулата „најубава собирачка на топки во историјата на тенисот“, а љубителите на белиот спорт беа разочарани што немаа можност почесто да ја гледаат на тениските терени.

Сепак, тие никогаш не ја заборавија. Љубопитните фанови се прашуваа каде исчезна оваа убавица и што прави денес…


Атрактивната Бразилка работеше како коментатор на популарна радио станица во Бразил и водителка во спортската програма „SBT Esporte Rio“. Таа беше и официјален најавувач на Олимпискиот стадион во Рио.


Подоцна се омажила и родила две деца. Нејзиниот изглед драстично се промени по бременоста. Се здебелила дури 18 килограми, па долго време се мачела да го намали вишокот килограми. Минатата година таа успеа да ослабе 13 килограми и да си ја врати одличната фигура.

Меѓутоа, денес многумина не ја препознаваат кога ќе ја видат, иако и понатаму изгледа прекрасно