Connect with us

Фудбал

Нојер се враќа на вратата на Баерн

Капитенот на Баерн, Мануел Нојер ќе биде стартер во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Салцбург. Ова го откри тренерот на Баварците Џулијан Нагелсман.

Голманот пред околу еден месец беше опериран на коленото, а во петокот ги продолжи тренинзите на ниво со соиграчите.

„Ако нешто не се случи на денешниот тренинг, Нојер ќе биде стартер“, изјави Нагелсман, цитиран од „Скај Германија“.

Баерн во вторник му гостува на Салцбург. Првиот натпревар заврши 1:1.