Connect with us

Фудбал

Нокаутираше судија, па доби доживотна суспензија, никогаш повеќе не смее да се занимава со фудбалот!

Претседателот на турскиот суперлигаш Анкарагучу, Фарук Коча е казнет доживотно од фудбалот бидејќи го удри судијата Халил Умут Мелер на теренот по натпреварот против Ризеспор.

Анкарагучу и Ризеспор ремизираа 1:1, а Коча незадоволен од арбитражата на крајот од натпреварот реши физички да се пресмета со главниот судија. Судијата Халил Умут Мелер од ударот остана на земја со видлива повреда под окото и беше пренесен во болница, а турското првенство беше привремено прекинато. Коча поднесе оставка од функцијата претседател на клубот, но пред тоа даде шокантна изјава.

„Овој инцидент беше предизвикан од погрешните одлуки на судијата и провокативното однесување. Целта ми беше вербално да реагирам на неговото судење и да му плукнам во лице. По мојот шамар, судијата стоеше околу 5-10 секунди, а потоа се фрли на земја, изјави Коча, кој исто така беше уапсен, а сега е дури се соочува со затворска казна, изјави за Си-Ен-Ен. Турската фудбалска федерација експресно донесе одлука да го суспендира Коча доживотно, а тој ќе мора да плати казна од 2 милиони турски лири (63.000 евра). Исто така, Анкарагуџу следните пет домашни натпревари ќе ги игра пред празни трибини.