Connect with us

Тајмаут

Ноќниот клуб го слави доаѓањето на Џејмс Харден во градот

Џејмс Харден стана нов член на Филаделфија 76ерс.

Во голема размена со Бруклин Нетс, 76-те го добија Харден, кој заедно со Џоел Ембиид ќе се обидат да го одведат тимот до титулата во НБА.

Сопствениците на ноќни клубови исто така со нетрпение го очекуваат неговото пристигнување во Филаделфија. Харден е познат како човек кој сака да излегува и клубовите заработуваат нереални бројки кога е таму.

Така, еден од ноќните клубови јавно го поздравил Харден и му рекол дека имаат подготвено специјално штанд за него.

Клубот Син Сити постави црвен тепих пред Харден и едвај чекаат да го видат во ноќниот живот.

Харден во минатото оставил илјадници долари во ноќните клубови, но тоа ништо не му значи бидејќи има годишна плата од 47 милиони долари.

Тој во текот на летото ќе има можност за четири години да потпише нов договор вреден 223 милиони долари.