Поврзи се со нас

Други спортови

Норис ќе загуби пет позиции на стартот на Големата награда на Турција, Сајнс три

Истанбул, 15 ноември 2020 (МИА) – Возачот на Мекларен, Ландо Норис е казнет за непочитување на жолтите знамиња во квалификациите за Големата награда на Турција и ќе стартува пет позиции поназад од оствареното време.

Исто така поместување назад ќе има и другиот пилот на Мекларен, Карлос Сајнс, поради задржување на Серхио Перез.

Така, Сајнс ќе биде на 15. додека Норис на 16. почетна позиција.

Трката од Светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Турција ќе се одржи денес, со почеток во 11:10 часот. зс/

loading...

Facebook