Ракомет
Норвешко скандинавско дерби – и нова титула европски првак!
Ракометарките на Норвешка, актуелните светски шампиони, во Љубљана ја одбранија европската титула.
Во скандинавското дерби ја совладаа Данска со резултат 27:25, а патем се реваншираа за поразот од пред неколку дена во групната фаза.
Во салата „Стожице“ Норвешка стигна до деветтата титула шампион на стариот континент благодарение на нескротливиот дух, кој донесе пресврт.
Ова е 13. медал за Норвешка на ЕП во 15 настапи, додека за Данска ова е вкупно шести, прв по среброто во Унгарија во 2004 година.
Данците постојано беа во водство, од почетокот на играта до 54. минута.
Таа предност во првото полувреме се искачи на +5, додека во остатокот од времето беа на растојание од 2-3 гола.
Но, Норвешка ја покажа шампионската ДНК, постепено ја топеше предноста и првпат поведе на шест минути пред крајот.
Следеше драматична завршница, имаше неколку грешки поради нервоза, а Норвежаните за првпат на натпреварот остварија +2 во 58. минута.
Таа разлика не ја загубија, а со голот на Офтедал во последната минута го потврдија триумфот за новата европска титула.