Connect with us

Кошарка

Нов белградски срам!

Во салата Александар Николиќ се игра петтиот и решавачки натпревар од финалето на АБА лигата.

По релативно „мирните“ први две четвртини од дуелот помеѓу Црвена Звезда и Партизан, работите ескалираа во третата.

Судиите не можеа да го толерираат однесувањето на навивачите на Црвена звезда, па решија да се повлечат на натпреварот.

Паузата во популарниот Пионир трае подолго од 10 минути и неизвесно е да се прогнозира кога би можел да продолжи натпреварот.

Некои делови од трибините ќе се испразнат, дел од навивачите ќе мора да ги сменат местата и сето тоа ќе трае долго.

Нешто слично се случи и во третиот натпревар од финалето кога домаќин беше Партизан и потоа паузата траеше околу половина час.

Инаку, натпреварот беше прекинат со резултат 39:39.

Реклама

Facebook