Connect with us

Кошарка

Нов пораз на ТФТ во АБА 2 лигата (ВИДЕО)

Македонскиот претставник во АБА 2 лигата, тимот на ТФТ доживеа втор пораз во т.н „балон“ во Бања Лука за плеј офот. Овој пат загубија од Широки со убедливи 81:58. ТФТ на полувремето имаше плус 4, 41:37, но потоа следуваше целосен пад, каде во второто полувреме постигнаа само 17 поени.

Клучен период беше третата четвртина во која Широки направи серија од 18:0 за да ги остави далеку зад себе противниците.

Напаѓачот на Широки, Емануел Литл, ја заслужува наградата за МВП, бидејќи забележа дабл-дабл учинок со 22 поени и 14 скока.

Широки сега има вкупен резултат 5-4, додека ТФТ Скопје е 2-7.