Кошарка
Нов пораз за Лејкерси, возбудлив дуел на истокот
Се одиграа два дуела од новата сезона во НБА.
ЛА Лејкерс го забележа вториот пораз и на тој начин на страшен начин ја отвори новата сезона.
Лејкерси синоќа беа поразени во градското дерби од ЛА Клиперс со резултат 97:103.
Џејмс имаше дабл-дабл учинок од 20 поени и десет скока, Дејвис постигна 25, а Вокер 26 поени, но и тоа не беше доволно за Лејкерси.
Во редовите на Клперс, стрелците беа убаво распоредени. Џорџ имаше дабл-дабл учинок од 15 поени и десет скока, 15 поени постигна Вол, а 14 поени дадоа Леонард, Морис и Зубац.
Во вториот вечерен дуел во возбудлива партија Милвоки Бакс ги совлада Филаделфија 76ерс со резултат 88:90.
Џанис ги предводеше Бакс до победата со 21 поен и 13 скока, на асистенција на Лопез со 17 поени.
Во редовите на 76-ката Харден пукаше со 31 поен, а малку му недостигаше и трипл-дабл ефект со оглед на тоа што придодаде осум скока и девет асистенции.
Што се однесува до Лејкерси и за Филаделфија, ова беше втор пораз во новата сезона.