Фудбал
Нов шок за Германија: Месут Озил неизвесен за Светското првенство
Познатиот германски портал Билд ги загрижи навивачите на Германија со информации дека Месут Озил би можел да го пропушти Светското првенство во Русија.
Имено, Германија беше поразена пред неколку дена во пријателски натпревар Австрија со 2:1, но овој натпревар донесе големи проблеми. Како што пишува Билд, Озил на овој натпревар се здобил со повреда на коленото и неговиот настап на Мундијал е под голем знак прашалник.
Озил не тренираше со остатокот од репрезентацијата во изминатите четири дена, а лекарите се уште не се сигурни дали ќе биде подготвен за Светското првенство. Во најдобар случај, Озил ќе го пропушти првиот натпревар против Мексико, додека тој би можел да биде подготвен за натпреварите со Шведска и Јужна Кореја, освен ако се покаже дека повредата не е посериозна.
Exklusiv! – WM-Sorgen um Özil https://t.co/8EM4uzGsAs
— BILD (@BILD) June 6, 2018