Connect with us

Тајмаут

Нов скандал на големата ѕвезда: Со една во кревет, со друга во Дубровник

Британската реалити ѕвезда Клои Брок објави дека пред неколку месеци поминала една ноќ со фудбалерот на Манчестер Сити Џек Грилиш.

Клои беше на одмор во Грција, а Грилиш пристигна таму непосредно пред Европското првенство. Веднаш дошло до обединување на двајцата Англичани, а таа открила што се случува неколку месеци подоцна.

„Џек и јас бевме на Миконос во исто време. Не знаев која е додека не го видов натпреварот со репрезентацијата на Англија“, изјави Клои за The Sun и продолжи:

“Тој веднаш тргна во акција. Го најдов многу шармантен, беше зборлив и пријателски настроен. Се разбира, тој е многу убав”.

“Не користеше обични фрази за флерт и затоа одлично се забавувавме. Се забавувавме разговарајќи, а потоа отидовме во неговата вила”, открила Клои.

По краткото гостување во Грција, Грилиш се врати во Англија и се приклучи на националниот тим пред Европското првенство.

На трибините беше уште една девојка, Саша Атвуд, која и официјално беше партнер на ѕвездата на Сити.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Grealish (@jackgrealish)

Со неа Џек потоа замина на одмор во Дубровник, а потоа англиските медиуми го „распнаа“ поради бројните скандали.

Тој беше поврзуван со Грилиш со голем број познати девојки, вклучувајќи ги Емили Атак и Амбер Гил.

Facebook