Connect with us

Тајмаут

Нов скандал на јахтата на Конор Мек Грегор: Девојката избезумена влета во полициска станица

Конор Мек Грегор не престанува да ги полни насловите на светските медиуми.

Ирскиот ММА борец стана многу поактивен во создавањето на бројни скандали и нереални видеа од неговиот приватен живот, отколку во октагонот, каде поради скршеница на ногата е на пауза година и половина.

Конор пред неколку дена предизвика огромен скандал снималјќи ја сопругата како орално го задоволува на јахта, а сега повторно е под истрага на полицијата.

Ирските медиуми тврдат дека девојка на околу 20-тина години пријавила брутално претепување за време на забава на јахтата на Конор Мек Грегор.

Таа дала изјава во полиција дека престојувала на јахта на ирски борец и дека за време на забавата била претепана, а се здобила со бројни повреди по телото.

Сè се случило во средината на јули на Балеарските острови, а ирската полиција води истрага за овој немил настан.

Девојката која била претепана пријавила се во шпанската полиција. Вознемирена, веднаш по нападот истрчала до станицата и раскажала се што се случило.

Наводно, подоцна било утврдено дека напаѓачот не бил Конор туку некој друг кој бил на забавата, а прегледот во болницата открил повреди на главата.

Сега е покрената истрага и во Ирска. Жената повторно го пријавила случајот и многу е можно Мек Грегор уште еднаш да биде сослушан во полиција, иако тој наводно не е напаѓачот.

Ирецот во минатото создаваше целосен хаос. Често се справуваше со обични луѓе кои немаа многу шанси против ѕвездата на ММА.

Најпознат секако е нападот на постар маж во паб во Даблин. Потоа го удрил несреќниот човек затоа што го одбил вискито, а се било снимено од надзорните камери.

Мек Грегор не одговараше за овој напад на суд, ниту за многу други напади кои ги имаше.