Connect with us

Фудбал

Нов случај на Ковид-19 во Борусија Дортмунд! Бразилецот позитивен пред ЛШ

Нов позитивен случај со Ковид ја шокираше Борусија Дортмунд. Станува збор за бразилскиот талент позајмен од Реал Мадрид, Реиниер.

Играчот на Дортмунд е асимптоматски и бил веднаш изолиран според протоколот утврдена од државните здравствени власти.

Германскиот клуб исто така даде соопштение за медиумите за состојбата на фудбалерот, кој ќе недостасува за мечот од Лигата на шампионите против Клуб Бриж и во Бундеслигата против Келн.