Connect with us

Фудбал

Нов термин за Олимписките игри во следниот месец?

Глобалната пандемија на коронавирусот предизвика хаос во светот, а последиците од целосен „застој“, особено економските, ќе станат очигледни само во наредните месеци.

Спортот исто така претрпе голем удар. Речиси сите натпреварувања беа стопирани, а оваа недела беше решено да се одложат и Олимписките игри, кои требаше да се одржат во Токио оваа година.

Спортските терени во главниот град на Јапонија беа подготвени, но коронавирусот наруши сè, така што едноставно немаше услов Олимпијадата да се одржи ова лето.

Сега Меѓународниот олимписки комитет интензивно работи на изнаоѓање решение и нов термин за Олимпијадата, се разбира во соработка со организаторите и бројните светски спортски организации.

Јасно е дека Олимписките игри се „преместени“ за следната година, а повеќето се надеваат дека терминот ќе биде класичен – јули и август.

Сепак, конечната одлука за терминот на Олимпијадата во 2021 година треба да се донесе во текот на следниот месец.

„Ние сакаме повеќе или помалку да ги потврдиме датумите во наредните четири недели. Закажувањето на Олимпијадата за лето зависи и од избегнување на преклопување со СП во пливањето и СП во атлетиката“, рече Џон Коутс, шеф на Координативната комисија во Токио и претседател на Олимпискиот комитет на Австралија.