Connect with us

Фудбал

Нов удар за Јувентус

Според експертот за спортско право, Матија Грасани, поради финансиска измама му се заканува испаѓање од Серија А и преселба во Серија Б.

„Ова е најсериозната истрага на која Јувентус некогаш бил подложен, можеби дури и посериозна од „калчополи“ од 2006 година. Незаконските активности ги опфаќаат областите на правилата на берзата, како и корпоративните и спортските правила. Тоа е без преседан. Јувентус ризикува не само парична казна. Според законот, можно е да се исфрли екипа од Серија А“, рече Грасини и објасни што предвидуваат правилата.

 „Правилата предвидуваат доколку регистрацијата за шампионатот се постигне преку измени на документи, приватни аранжмани кои ја одложуваат исплатата на играчите во сезоната 2021/2022. или дури и фиктивен отказ, клубот може да биде исклучен од првенството и да ја загуби титулата шампион на Италија“.

Да потсетиме, УЕФА покрена истрага против Јувентус поради кршење на финансискиот фер-плеј и правилата за лиценцирање на играчи, објавено е на сајтот на УЕФА. Исто така, пред неколку дена оставка поднесе целокупното раководство на „Старата дама“.

На сето тоа се „закачи“ и Роналдо, барајќи од Јувентус исплата на 19.900.000 по таен договор што го постигнал со клубот во раните фази на пандемијата на корона вирусот, пренесува „Газета дело спорт“.