Connect with us

Фудбал

Нова фудбалска трагедија! Играч загина на тренинг

Фудбалерот од Гватемала Маркос Меналдо (25) почина откако доживеа срцев удар на тренинг во понеделникот, пренесоа светските агенции. Дефанзивецот на Депортиво, Маркуенсе се пожали на отежнато дишење, по што доби итна помош на стадионот Енсенада во Сан Маркос.

Веднаш бил пренесен во локалната болница, каде што починал.

Минатата сезона, централниот дефанзивец беше во срцето на второлигашката титула на неговиот клуб во Гватемала.

Реклама

Facebook

Реклама