Фудбал
Нова година, нов клуб, седум можни големи трансфери во јануари, меѓу нив и Меси?!
ЛИОНЕЛ МЕСИ – ОД БАРСЕЛОНА ВО МАНЧЕСТЕР СИТИ

Англискиот магазин „Сан“ направи листа од седум големи трансфери кои би можеле да се случат во јануари. Како што пишуваат тие, меѓу нив е и Лионел Меси, кој би можел да се пресели во Манчестер Сити и со тоа Барселона да заработи нешто од неговиот трансфер, бидејќи договорот со каталонскиот тим му истекува по завршувањето на сезоната.
ДЕЛЕ АЛИ – ОД ТОТЕНХЕМ ВО ПСЖ

Иако минатата сезона беше еден од најважните фудбалери на Тотенхем, сепак оваа Деле Али е во втор план кај Жозе Мурињо. Повеќето натпревари ги минува на клупата за резервни фудбалери. Се чини дека промената на клубот во Новата година е неминовна, а како што пишува „Сан“ тоа може да се случи уште во јануари. Најблиску до неговиот потпис е ПСЖ.
КРИСТИЈАН ЕРИКСЕН – ОД ИНТЕР ВО ПСЖ

Деле Али нема да биде единственото засилување за ПСЖ. Маурисио Покетино ќе седне на клупата на овој тим, па сака да ги донесе „своите“ играчи. Еден од нив, покрај Деле Али, е Кристијан Ериксен, кој има иста судбина во Интер кај Антонио Конте, како Деле Али кај Мурињп.
ДЕКЛАН РАЈС – ОД ВЕСТ ХЕМ ВО ЧЕЛЗИ

Челзи потроши повеќе од кој било друг клуб во Премиер лигата во летниот преоден рок со неверојатни 220 милиони фунти. Но, Френк Лампард размислува за нови засилувања во јануари во обид силно да ја заврши сезоната. Над сите други, звездата на Вест Хем, Деклан Рајс (21) е примарна цел.
ИСКО – ОД РЕАЛ МАДРИД ВО АРСЕНАЛ

Кариерата на Иско на „Сантијаго Бернабеу“ изгледа се движи по патот на онаа на Герет Бејл под водство на Зинедин Зидан. Шпанецот од 8-ми ноември не бил во првиот состав на тимот. Заинтересирани клубови има многу, Ливерпул, Тотенхем, Челзи, Севиља, Евертон, но како што тврди „Сан“, Арсенал е најблиску до неговите услуги.
ДИЕГО КОСТА – ОД АТЛЕТИКО МАДРИД ВО АРСЕНАЛ

Освен Иско, желбата на Арсенал, која е поостварлива е Диего Коста од Атлетико Мадрид. Стана јасно дека „Јорганџиите“ нема да му го продолжат договорот, па се чини дека „Топџиите“ можат да го донесат како слободен играч, бидејќи се шпекулира дека иако има уште шест месеци договор, спогодбено ќе го раскине со Атлетико Мадрид.
ЕРИК ГАРСИЈА – ОД МАНЧЕСТЕР СИТИ ВО БАРСЕЛОНА

Пред неколку дена објавивме дека младиот, 19 годишен стопер, Ерик Гарсија веќе ги договорил личните услови со Барселона. Неговиот договор исто така му истекува по завршувањето на сезоната, но голема е веројатноста тој уште во јануари да замине на „Камп Наоу“. Вреди да се напомене дека Ерик Гарсија потекнува од школата на Барселона.