Connect with us

Други спортови

Нова победа на Јотовски во двојки на фјучрс турнирот во Тунис

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски победи во првиот меч на главниот турнир на фјучрсот во тунискиот град Хамамет (награден фонд 15.000 долари).

Тој денеска во игра на двојки заедно со Резарт Цунгу од Црна Гора ги победија Џабор Мохамед Али Мутава од Катар и Габи Адриан Боитан од Романија.

Јотовски и Цунгу успеаја да направат пресврт во мечот откако ривалите го добија првиот сет со 6:4 во гемови, а по вториот сет изедначија на 1-1 добивајќи го со 6:3. Во решавачкиот сет што се играше на поени Јотовски и Цунгу беа подобри со 10-7.

Во поединечна конкуренција Јотовски ќе игра против четвртиот носител Џерард Гранољерс – Пујол од Шпанија.

По настапот во Тунис, Јотовски е пријавен и за настап на два фјучрс турнира во Италија со награден фонд од 25.000 долари.