Connect with us

Тајмаут

Новак бил со „српската Џеј Ло“: Малку се знае за бившата на Ѓоковиќ која сега заработува 30.000 евра од вечер (ВИДЕО)

Во 2014 година, Новак Ѓоковиќ се ожени со својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ, но малку е познато дека пред неа бил во емотивна врска со друга атрактивна дама.

Сега Ѓоковиќ е семеен човек, има син и ќерка, а во помладите денови го поврзуваа со многу убавици. Една од оние кои успеаја да му го освојат срцето е Лидија Поповиќ. Тоа беше пред српскиот тенисер да стане универзално популарен и најдобар во светот во „белиот спорт“, а кариерата на Новак одлучуваше за љубовта.

View this post on Instagram

A post shared by iLEE (@ladyleeofficial)

Недолго по раскинувањето со Лидија, Новак започна врска со Јелена, која сега е негова сопруга. Сепак, дел од јавната сцена денеска е и Лидија Поповиќ. Таа е позната диџејка, настапува под името Лејди Ли и има 335.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Лејди Ли пред две години имаше повеќе од 80 странски настапи, главно во Азија, а од еден наводно заработила и до 30.000 евра. Лидија Поповиќ ја нарекуваат и „српската Џеј Ло“, а во едно од интервјуата открила каков бил нејзиниот однос со Ѓоковиќ.

– Ноле за време на нашата врска беше секогаш внимателен и насмеан, но тогаш немаше обврски како денес. Сега носи тежок товар на грбот како познат човек во светот на спортот. Ноле секако не е папучар… Новак е друштвено и џентлменско момче, барем јас така го паметам, изјави Лидија.