Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ доби трофеј за рекорд кој тешко дека некогаш ќе биде соборен! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ годината ја завршува на прво место – осми пат во кариерата! Српскиот тенисе на свечена церемонија во Торино го прими пехарот наменет за првиот светски рекет на крајот од сезоната.

Ѓоковиќ во неделата со победа го започна учеството на Завршниот Мастерс, обезбедувајќи го првото место на АТП листата на крајот од годината.

Новак ја завршува сезоната на врвот на табелата по рекорден осми пат. Во исто време, тој стана најстариот тенисер кој успеал во тоа.

– Возбуден сум што можам да го споделам ова искуство со вас – расположен им порача Новак на фановите.

Наградата му ја врачи на церемонија во Торино првиот човек на АТП, Андреа Гауденци.