Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ елиминиран, титулата ќе ја земе некој друг!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло од Каспер Руд (10. АТП) со резултат 2:1 во сетови.

Ѓоковиќ лошо го отвори мечот и му дозволи на Норвежанецот два брејка, а Руд го доби првиот сет во своја корист со резултат 6:4.

Во вториот сет го видовме ослободувањето со потписот на Ѓоковиќ на теренот. Беше доминантен, направи два брејка и израмни во сетови на 6:1.

Руд направи брејк на почетокот на третиот сет, и многу брзо поведе со 3:0. Ѓоковиќ се врати во средината на сетот кога направи брејк во седмиот гем и успеа да израмни на 4:4.

Немаше тај-брејк бидејќи Руд направи брејк во десеттиот гем, а победи со 6:4 и го спречи Новак да се бори за третата титула во Монте Карло, а доби шанса и за својата прва на овој престижен турнир.

Руд во утрешното финале ќе игра против Стефанос Циципас (12. АТП), кој денеска беше подобар од Јаник Синер (2. АТП) со резултат 6:4, 3:6, 6:4.