Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето во Рим

Новак Ѓоковиќ беше се пласира во четврт-финалето на АТП турнирот во Рим.

Српскиот тенисер вчера го одигра својот најдобар натпревар оваа сезона и го победи Шпанецот Алберт Рамос со 2: 0 во сетови 6:1 и 7:5 и по долго време се пласираше на самата завршница на еден АТП турнир.

Совршен првиот сет одигра Новак и целосно доминираше во овој дел од играта. На Рамос му препушти само една гем (6:1) и стекна предност од 1:0 во сетови.

Многу поголема борба имаше во вториот сет. Иако Ѓоковиќ имаше предност од 4:2, Рамос со брејк во 10. гем дојде до нерешен резултат (5:5), кој сепак не траеше долго.

Веќе во следниот гем Ѓоковиќ добива сервисот на противникот, а потоа со сигурен сервис доби го доби и вториот сет (7:5), и се пласира во четврт-финалето.

Следниот меч на Ѓоковиќ е против Јапонецот Нишикори.