Connect with us

Други спортови

Новак што ти е тоа? На Ѓоковиќ не му треба рекет, може и со тава да освојува поени (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ доминира на теренот и кога не го држи рекетот во раце. Покажа дека може и без рекет,  дури кујнски елементи. Држеше тава и успеа да освои бод. Навистина импресивно. Пред почетокот на УС Опен, организаторите на турнирот организираа дружење со децата, традиционалниот „Ден на децата“, а Новак беше еден од играчите што се најде на теренот со нив. Тој направи вистински спектакл кога реши да го остави рекетот на страна и да ги искористи кујнските елементи.