Connect with us

Фудбал

Новата „десетка“ останува во Барселона до 2027-ма, клаузулата милијарда евра

Откако успеаја да го продолжат договорот со Педри, Барселона ја продолжи соработката со уште еден млад и надежен фудбалер. Ансу Фати потпиша нов договор со важност до 2027-ма година. Исто како во случајот со Педри, така и со него, вметната е откупна клаузула која изнесува неверојатни една милијарда евра.

Талентираниот Фати дебитираше за гигантот во 2019 година и тоа со само 16 години и во меѓувреме собори доста рекорди. Тој е новата десетка на Барселона, откако замина Лионел Меси.


 

Реклама

Facebook

Реклама