Фудбал
Новата ѕвезда на Барселона се појави со „ѕвер“ од 400.000 евра, останатите играчи останаа без текст (ВИДЕО)
Габонецот Обамејанг одлучи да го напушти Арсенал каде што не играше во претходните два месеци поради кршење на клупската дисциплина, а кога доби понуда од Барселона не размислуваше долго.
На крајот успеа да дојде до договорен прекин на соработката со лондонскиот клуб, а во Барселона пристигна без обештетување.
Обамејанг дебитираше за Барселона минатиот викенд против Атлетико Мадрид, а одигра половина час на ова деби во кое каталонскиот клуб победи со 4:2.
Овој напаѓач е познат и како голем љубител на скапи автомобили, а тоа вчера им го докажа на навивачите на Барселона.
Обамејанг се најде во центарот на вниманието на шпанската јавност бидејќи на вчерашниот тренинг на Барселона дојде со своето Ferrari 488 GTB кое чини дури 400.000 евра.