Фудбал
Нови правила, на Златан Ибрахимовиќ му е забрането да влезе во соблекувалната на Милан
Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ неодамна ја доби функцијата советник во редовите на италијански Милан.
Ибрахимовиќ ќе биде со тимот во важни моменти, но за време на официјалните натпревари нема да може да влезе во соблекувалната за да им даде поддршка. Натпреварот против Монца требаше да биде прв меч на Златан Ибрахимовиќ во новата улога, но грипот го спречи во тоа и остана дома, па неговото „деби“ беше одложено за нова можност.
Како што пренесува La Repubblica, Златан доби забрана за влез во соблекувалната на италијанскиот клуб за време на официјалните натпревари на Милан, па за тоа време ќе мора да остане на трибините. Имено, правилата на италијанската федерација не дозволуваат негово присуство во соблекувалната бидејќи тоа им е дозволено само на одредени лица. За овој 41-годишник да ја реши оваа „пречка“, мора да стане дел од организацискиот одбор.