Connect with us

Фудбал

Нови проблеми во Реал Мадрид, одбил нов договор, заминува за НУЛА евра!

Реал Мадрид се соочува со незадоволство на одреден број на играчи, поради финансиските кратења. Еден од нив е Лукас Васкез, кој одбил да го продолжи договорот со „Кралскиот клуб“. Неговиот договор му истекува на крајот од сезоната, па постои голема веројатност да замине за НУЛА евра. Причина за одбивањето да го продолжи договорот се истите услови кои му се нудат, а тоа е идентични финансиски примања од 7,5 милиони евра по сезона.  Тој смета дека заслужува повеќе и дека тоа може да го добие на друго место.