Connect with us

Фудбал

Нови вести за повредата на Мохамед Салах доаѓаат од Египет

Јавноста во Египет е фокусирана само на Мохамед Салах кој мораше да излезе од игра, во финалето на Лигата на Шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул минатата ноќ поради повредата.

По половина час игра, Салах го напуштил теренот во Киев со солзи во очите, поради повреда на рамото по дуелот со Рамос. Египќанецот се обиде да продолжи со играта, но беше јасно дека нема ништо од тоа, и дека едноставно мораше да оди во соблекувалната.

Јавноста во Египет беше потресена од повредата на најдобриот играч на оваа селекција неколку недели пред Светското првенство. Иако некои англиски медиуми тврдат дека станува збор за сериозна повреда, од Египет доаѓаат многу подобри информации, дека Салах ќе биде подготвен за Мундијалот.

Имено, на официјалниот профил на Твитер на селекцијата на Египет објавена е изјавата на д-р Мохамед Абу Ола, кој рече дека Салах ќе биде во тимот на СП. Тој тврди дека Салах ќе закрепне за две недели и ќе биде подготвен за Мундијалот.

Тој прво ќе отпатува за Англија за да закрепне од повредата, а на репрезентацијата треба да му се придружи на подготовките во Италија. Тој, исто така, рече дека Салах сигурно ќе биде на конечната листа на Египет, која ќе биде објавена на 4-ти јуни.