Connect with us

Фудбал

Новинарите на Л’Екип се шизофрени!

Раководните лица на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, експресно ја негираа пласираната информација дека поради непочитувањето на Финансискиот ферплеј, клубот ќе мора да го продаде Неимар или Килијан Мбапе за време на летниот преоден рок.

Со ваквата реакција, челниците на популарните “светци”, ставија крај на претходно пласираната информација од страната на францускиот весник „Л’Екип“, кој тврдеше дека ПСЖ ќе мора да продаде една од двете големи ѕвезди.

  • ПСЖ повторно се прашува за главната цел на „Л’Екип“ и, особено, нивните активности во однос на клубот. Веќе има многу докази дека нивната цел е да ја расипат атмосферата во тимот. Последниот случај – публикацијата за Кавани пред натпреварот со Стразбур. Она што тие го кажуваат за нас во весникот секој ден ја докажува нашата слава, но во исто време зборува за шизофренија на раководството на весникот, стои во клупското соопштение на ПСЖ.

Неодамна, парискиот клуб, исто така, протестираше поради објавувањето на веста дека во натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ – Црвена ѕвезда” (6:1) имало обид да се намести резултатот. Актуелниот шампион на Франција е на удар од многу познати личности кои побараа од Европската фудбалската федерација (УЕФА) веднаш да го исфрли од Лигата на шампиони тимот на ПСЖ, поради непочитување на Финансискиот ферплеј. Освен за малверзациите на “светците”, специјализираниот сајт, “Фудбал Ликс”, објави неколку документи кои покажаа дека со слични методи, со кои се избегнуваат ставките во Финансискиот ферплеј, користеле и раководните лица на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити.